More

    Гласање за нов основен јавен обвинител на 7 ноември

    spot_img

    Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

    Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

    Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.
    Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

    Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.

    Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

    Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img