Кинескиот увоз на сурова нафта од Русија се зголеми за 55 отсто во однос на претходната година и достигна рекордно ниво во мај. Така Русија ја замени Саудиска Арабија од првото место на главни извозници на нафта во Кина, пренесува Гардијан.
Увозот на руска нафта достигна вкупно 8,42 милиони тони или два милиони барели дневно, покажуваат податоците на кинеската царинска агенција. Кина е најголемиот увозник на сурова нафта во светот.
Увозот на руска нафта, вклучувајќи ја и транспортираната со ЕСПО (нафтоводот Источен Сибир – Тихи Океан) и прекуокеанските пратки од руските европски и пристаништата на Далечниот Исток, изнесуваше во мај изнесуваше околу 1,98 милиони барели дневно.
Кинеските компании, вклучувајќи ги државната рафинерија „Синопек“ и државниот „Женхуа Оил“, го зголемија купувањето руска нафта, привлечени од големите попусти, откако Западот воведе санкции против Русија.
Царинските податоци објавени денеска покажаа и дека минатиот месец, Кина увезе 260.000 тони иранска сурова нафта.