More

    Гитарата на Кобејн од „Smells like teen spirit“ продадена за три и пол милиони долари

    spot_img

    Гитарата што Курт Кобејн ја свиреше во спотот за легендарната песна на Нирвана „Smells Like Teen Spirit“ е продадена на аукција за 3,5 милиони долари.

    Според NME, левата гитара Fender Mustang од 1969 година била продадена како дел од аукцијата на Џулиен, на која се продавале предмети од легендарни музичари, а која траела од 20 до 22 мај и се одржала на интернет и во кафулето Хард Рок во Њујорк.

    Победничката понуда за гитарата на Кобејн ја направи Џим Ирси, сопственик на американскиот фудбалски клуб Индијанаполис Колтс.

    „Горд сум што зачував уште едно парче од американската култура што го промени начинот на кој гледаме на светот“, рече Ирси.

    Курт Кобејн еднаш зборуваше за гитарите на Mustang, кои ги нарече негова омилена марка на тој инструмент во интервју за списанието „Guitar World“ во 1991 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img