Претседателот на Германија ја повика РСМ да ја признае бугарската етничка заедница во Македонија, јави БГНЕС, анализирајќи ги пораките кои вчера ги упати германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, за време на дводневната посета на Македонија.
„Кандидатурата на РСМ за членство е попречена од спорот со Бугарија, кој може да го блокира проширувањето на ЕУ – процес кој бара едногласна согласност од сите земји членки. Предмет на спорот се историјата и културното наследство. За да се реши тоа, Македонија се обврза да го промени својот Устав, признавајќи го постоењето на етнички Бугари во земјата“, потсетува бугарската агенција.
Според БГНЕС, Штајнмаер рекол дека уставниот амандман е „важна одлука“, бидејќи ќе обезбеди напредок во преговорите со ЕУ.
„Со години, Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, со речиси половина од извозот на земјата. Околу 200 компании под германска контрола вработуваат околу 15.000 луѓе во Северна Македонија“, потсетува агенцијата.