Русија најверојатно ќе изврши обновена офанзива во Украина на почетокот на следната година, објави швајцарскиот „Ноје Цуерхер Цајтунг“. Весникот, повикувајќи се на наводна внатрешна прогноза подготвена од германското Министерство за одбрана, тврди дека целите на Москва би можеле да варираат насекаде, од заземање на целиот регион Донбас до преземање на контрола врз Украина во целост.
Во својата статија, медиумот тврди дека руското раководство е решено да ја продолжи својата воена кампања против својот сосед во 2023 година и во 2024 година.
Во извештајот на германското МО насловен „ Руските воено-стратешки опции за акција во војната во Украина за 2023 година“ се разгледуваат две сценарија.
Лукашенко нема да влезе, ама ќе ѝ го држи стравот на Украина
Првиот предвидува дека Русија може да се фокусира на освојување на целиот регион Донбас. Оваа наводна офанзива се очекува да започне во април 2023 година, при што белорускиот претседател Александар Лукашенко истовремено ќе распореди свои војници во близина на северната граница на Украина, тврди весникот. Иако силите на Минск најверојатно нема да се преселат во Украина, овој маневар, според написот, ќе осигура дека Киев нема да може да ја искористи целата своја војска за да се спротивстави на руската офанзива во Донбас.
Доколку планот на Русија биде успешен, Кремљ би изградил зајакната одбрана во регионот, наведува швајцарскиот медиум. Тоа би значело дека секој обид на Украина да го врати Донбас ќе доведе до сериозни загуби за Киев.
Ем ќе нападнат, ем ќе туркаат за преговори
Во извештајот се сугерира дека рускиот претседател Владимир Путин во исто време ќе ѝ предложи мировни преговори на соседната земја додека активно испраќа сигнали до меѓународната заедница и медиумите дека Москва е подготвена за таков дијалог. Последната веројатно би требало да помогне да се намали поддршката на Западот за Киев.
Ако Лукашенко се вклучи, тогаш цела Украина ќе биде окупирана?
Второто наводно сценарио, за кое швајцарскиот весник тврди дека е помалку веројатно, предвидува многу поамбициозни планови на Кремљ: освојување на цела Украина. Според наводните прогнози на германската војска, руските сили ќе нападнат на југ од Донбас, додека до 70.000 белоруски војници ќе ја преминат украинската граница на север и ќе маршираат кон Киев.
Вој тој случај, војската на Москва, наводно, ќе има за цел да ја обезбеди границата на Украина со Полска за да го запре протокот на западно оружје во земјата и да го заземе отцепениот регион Придњестровје од Молдавија.
„Ќе ја слабнеме ЕУ со бегалци од Украина“
Меѓутоа, за да го постигне ова, Русија ќе треба да прогласи целосна мобилизација. Сепак, ова е прилично малку веројатно, од внатрешно-политички причини “, се наведува дека претпоставувале германските воени аналитичари, цитирани од Ној Цуерхер Цајтунг.
Без оглед на тоа кое сценарио ќе избере Москва да го следи, таа ќе продолжи да ја таргетира украинската електрична мрежа и критичната инфраструктура во обид да ја „истроши волјата на украинскиот народ да се спротивстави“ и „ за да предизвика дополнителни мигрантски текови кон ЕУ“, објави весникот, цитирајќи наводната прогноза на германската војска.
Во меѓувреме и Украинците планираат нешто догодина. Михаил Забродски, поранешниот украински командант за воздухополовни сили за Економист пред месец дена изјави дека планот на Украрина е голема офанзива на Крим оваа пролет за што Плусинфо веќе извести.