More

    Германски и австриски спасувачи ја прекинаа потрагата по затрупаните во Туркије

    spot_img

    Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини. Истото го направи и  австриската војска која времено ги суспендираше спасувачките операции, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес.

    Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска организациите.

    Германските екипи за пребарување и спасување моментално престојуваат во заедничкиот камп во градот Карахан, додека австриските екипи се засолниле во воена база во Хатај.

    Германската служба и ИСАР ја припишуваат тензичната ситуација, меѓу другото, на „недостигот од храна и проблеми со снабдувањето со вода во зоната на земјотресот“.

    -Се гледа дека тагата полека го отстапува местото на гневот – рече Стивен Баер, шеф на операции во ИСАР.

    Портпаролот во седиштето на Федералната служба за техничка помош во Бон соопшти за „бурни сцени“ и додаде дека мора да се земе предвид безбедноста на волонтерите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img