Откако Георгина Родригез откри на Инстаграм дека на Кристијано Роналдо му подарила скап автомобил Ролс Ројс за Божиќ, реакциите на нејзиниот потег продолжуваат да се нижат на социјалните мрежи.
Да потсетиме, моделот на Ролс Ројс кој Георгина му го подари на Роналдо чини повеќе од 250.000 фунти , а бидејќи не е тајнна дека Роналдо ѝ плаќа на Георгина по околу 100.000 евра секој месец и дека таа најмногу зависи од неговите пари, многумина мислеа дека фудбалерот всушност „си дарувал самиот себе“.
„Кристијано всушност си купи подарок“, „Како не ѝ е непријтно?“, „Тоа го купила со неговите пари!“, „Колку е горда, како сама да ги заработила“, „Оваа жена би направила сѐ за лајк“, гласат само дел од коментарите под снимката што таа го објави.
Георгина претходно изјави дека сѐ што има заработила исклучиво со сопствен труд.
„Многу сум среќна што сум партнерка на Кристијано Роналдо, го обожавам и се чувствувам среќна. Свесна сум дека тоа што сум негова девојка ми дава многу можности, но работев напорно за да го стекнам и изградам она што го имам во банката“, рекла Георгина на своевремено.