Операторот на гасоводот Турскстрим во руска сопственост вчера објави дека Холандија ја повлекла дозволата за извоз, но дека ќе продолжи да транспортира гас, додавајќи дека побарала обнова на дозволата, пренесува Ројтерс.
Русија и Турција официјално го лансираа Туркстрим со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри годишно во јануари 2020 година. Овој гасовод, кој и овозможува на Москва да ја заобиколи Украина како транзитна рута кон Европа, носи руски природен гас до јужна Европа преку Црното Море и Турција.
South Stream Transport B.V., подружница на Гаспром контролиран од Кремљ, е холандски оператор на морскиот дел од гасоводот. Јужен тек соопшти дека Холандија ја повлече дозволата за извоз на 18 септември поради санкциите на Европската унија.
„Воведувањето нови санкции не го ограничува продолжувањето на транспортот на гас од South Stream Transport B.V. Во оваа насока, снабдувањето со гас на различни индустрии и милиони домаќинства во Турција и европските земји нема да биде засегнато на краток и долг рок“, соопшти „Јужен тек“, а пренесува Ројтерс.