More

    Вучиќ се обрати откако КФОР одби српската војска да се врати на Косово

    spot_img

    Албин Курти пред странците се прикажува како да е украинскиот претседател Володимир Зеленски кој е во војна со Путин, смета српскиот претседател Александар Вучиќ кој денес се обрати пред народот откако КФОР го одби барањето српската војска да се врати на Косово и Метохија, јавува Б92.

    – На Курти добро му тргна да се претставува себеси како Зеленски, а мене како Путин, но проблемот за мене е што тој навистина не може да објасни чија земја сме ја нападнале. Ние не сме на ничија земја, но тие се на наша. Ние имаме своја политика која не е ниту руска, ниту германска, ниту американска, ниту албанска. Ние сме на европски пат, но се грижиме за нашата земја – изјави Вучиќ и додаде:

    –  Очекувам голем притисок… Очекувам поголем притисок поради санкциите против Руската Федерација. Ако сакате да скротите волк, сум видел слон и тигар во циркус, но не и волк.

    Повлекувањето на српската војска и на барикадите во Косово предизвика гнев кај Србите во Косово кои денеска протестираа во северниот дел на Митровица. Тие го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство”, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење”, јави БЕТА.

    Учесниците на протестот го прашаа Вуќиќ „зошто молчи” за присуството на единиците на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово и формирањето на војската на Косово, доколку, како што наведоа, тоа е спротивно на Уставот на Србија и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

    – Ако е незаконски, зошто молчиш Вучиќ? – праша Небојша Јовиќ од Движењето за одбрана на Косово и Метохија, еден од организаторите на денешниот протест.

    Тој побара од Вучиќ да ги „замрзне” понатамошните преговори со Приштина додека единиците на РОСУ не се повлечат од северно Косово.

    Учесниците на протестот носеа транспарент со натпис „Вучиќ, Космет не те сака, ти не предаде – не ги сакама ниту твоите ЗСО, ти не продаде”, а митингот помина без инциденти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img