More

    Вучиќ и Орбан ја отворија новата железничка пруга

    spot_img

    Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград-Будимпешта, денес беше пуштена за сообраќај, а во првиот брз воз „Сокол“ на таа релација кој пристигна во Нови Сад за 33 минути, се наоѓаа српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА од Белград.

    Возот на оваа делница ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, според возниот ред треба да сообраќа пет пати дневно, а цената на билетот во промотивниот период ќе биде 300 динари (2,5 евра) во еден правец.

    Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од идната брза пруга до Будимпешта, и таа е дел од кинеската глобална иницијатива „Појас и пат“ за инфраструктурни врски меѓу Европа и Азија. Кога ќе се заврши изградбата на оваа делница, до Будимпешта со воз ќе се патува за помалку од три часа. Проектот за модернизација на железницата се проценува на околу две милијарди, а започнат е во 2016 година на самитот на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина.

    Во првиот брз воз беа и премиерката Ана Брнабиќ и владините министри, како и изведувачите – кинеските компании „China Railway International Company“ и „China Communications Construction Company“, како и руската железничка компанија „RZD International“ и српски фирми.

    Вучиќ истакна дека отворањето на делот од брзата пруга е голема работа за двете земји.

    – Секогаш можеме да сметаме на пријателството на Унгарија. Ова е одлична работа, за еден час и осум минути ќе бидеме во Суботица. Во Будимпешта ќе стигнеме за помалку од три часа. Тоа е голема работа за нашата економија. Многумина ќе дојдат од Будимпешта да го посетат Белград. Забележуваме раст на трговската размена, нагласи Вучиќ.

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека сега може да се види, со оглед на моменталната ситуација во Украина, дека изградбата на оваа траса е правилен потег на унгарските и српските власти.

    – Во нашите срца е војната што може да се види во историјата на унгарските граници, а тоа е најлошото сценарио и најдобрата војна е онаа што може да се избегне. Сега кога светот стана неизвесен, мораме повторно добро да размислиме за многу работи, Србите и Унгарците мора да ревидираат многу работи, изјави Орбан.

    Договорениот рок за завршување на преостанатиот дел од работите на делницата Нови Сад – граница со Унгарија е до крајот на 2024 година, додека Унгарците треба да го завршат својот дел од брзата пруга од границата со Србија до Будимпешта кон средината на 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img