Српскиот претседател Александар Вучиќ доби нова порака од хакери на социјалната мрежа Твитер. Се работи за светски познатата група „Анонимус“, а крајот на пораката гласеше: „Еј, Путинова кукло, каде си? Те дадоа ли веќе на кучињата?“.
Изразот „те дадоа на кучињата“ во англискиот јазик обично се користи кога некој човек е избркан во егзил.
Вучиќ пред две недели групата му се закани во двеминутно видео во кое групата вели дека „Србија не ги слуша меѓународните институции“ и дека „користи репресија за да ги постигне своите цели“.
Плусинфо веќе пишуваше за неодамнешни закани кон Вучиќ, но и за една слична случка кога американската амбасада во Србија на Твитер, намерно или ненамерно лајкна твит на српскиот претседател.