More

    Вучиќ: Oвој проект е важен и за Србија и побара од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да ги вклучи и земјите од Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергенсите

    spot_img

    Српскиот претседател Алексадар Вучиќ во обраќањето на церемонијата на пуштање во работа на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) во Софија, изјави дека овој проект е важен и за Србија и побара од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да ги вклучи и земјите од Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергенсите.

    Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ рече дека Србија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија на своја територија и дека двете земји ќе го завршат проектот за една година и дека новите интерконектори со Бугарија и со Северна Македонија ќе значат многу за Србија и дека без ЕУ никогаш немаше да се постигнат тие цели.

    – Верувам дека ќе имаме тешка зима и есен, уште потешка отколку што рече овде претседателката Фон дер Лајен. Имав дилема пред да дојдам овде како ќе се однесува со мене, но беше многу пристојна и љубезна. Се чувствувам малку како „црна овца” овде во друштво на пријатели и морам да и се заблагодарам, иако не сакам да и ласкам. Таа многу ни помогна кога станува збор за изградбата на интерконектор меѓу Србија и Бугарија и во планирањето на изградбата на интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија. Тоа ќе значи многу за инфраструктурата на Балканот, која потоа можеме да ја разгрануваме. Но, без инфраструктурата и поддршката од ЕУ никогаш немаше да ги достигнеме овие цели, рече српскиот претседател.

    Во своето обраќање, Вучиќ побара од претседателката на ЕК, Урусула фон дер Лајен, земјите од Западен Балкан да ги стави на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергенсите.

    -Драга Урсула, не слушајте го 100 отсто мојот пријател Киријакос Мицотакис и немојте да ги повторите 100 отсто мерките од ерата на борбата против ковид – благодарни сме за вашата поддршка, но кога зборуваме за пари, ние не можеме да ги апсорбираме овие цени на енергенси и ве молам ставете ги земјите од Западен Балкан на тој список заедно со други од ЕУ. Знам дека мојот пријател Мицотакис ќе се согласи нашите земји од Западен Балкан да ги ставите на ист список со земјите од ЕУ кога се во прашање цените и ќе ви бидеме бескрајно благодарни, изјави Вучиќ во Софија, изразувајќи благодарност и до Азербејџан без кој не би можело да се смета на диферзификација на гасот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img