Потпретседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ изјави дека е сигурен во победата на Александар Вучиќ во првиот круг од изборите за претседател на државата.
„Сигурен сум во тоа, но не сакам да се опуштам ниту еден момент. Битките не се добиваат однапред. Секој глас ни е важен, бидејќи мораме да ја зачуваме стабилноста на Србија“, изјави Вечевиќ за денешен Блиц.
Како што истакна, „овие избори ни се поважни од кога било, бидејќи не сакаме да се вратиме во минатото, во времето на мизеријата, уништувањето и распаѓањето на Србија“.
„Само победата на Вучиќ е гарант на мирот и стабилноста и знак дека Србија оди напред во сигурна иднина“, рече Вучевиќ.