Украина, Иран и Велика Британија се спомнати во десетте доверливи документи кои беа пронајдени во канцеларијата на американскиот претседател Џо Бајден, иако засега не е позната колку досиејата се чувствителни. Анонимен извор за Си-Ен-Ен потврдил дека во купот имало и писмо од Бајден до некогашниот претседател Барак Овама, но и две брифинг белешки кои го подготвувале Бајден за телефонски разговор со британскиот премиери и со Доналд Туск.
Но, освен тие, второ купче документи беше пронајдено во домот на Бајден, а тој во четвртокот призна дека биле најдени во неговата гаража во куќата во Делавер.
Републиканците во САД притискаат истрагата за Бајден да биде во иститот манир како онаа за претседателот Доналд Трамп. Тие бараат да видат кој точно го посетувал домот на Бајден, односно да ги видат записите во врска со тоа.
Јавниот обвинител на САД, Мерик Гарланд, реши да назначи специјален советник за случајот веднаш откако ја доби препораката минатата недела од американскиот обвинител Џон Лауш Џуниор.
Претседателот на правосудството на Сенатот, Дик Дурбин, во изјавата во четвртокот рече дека очекува истрагата на специјалниот советник за доверливите документи на Бајден да биде праведно спроведена.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер беше притисната од новинарите кои ја прашаа зошто Белата куќа не обелоденила дека биле откриени и втора серија документи. Таа проба да ја одбрани позицијата на Белата куќа:
– Можам само да ве упатам на она што го кажа неговиот тим – оваа потрага е завршена, тој (Бајден) е уверен во овој процес и јас засега би ја оставила работата тука – рече таа.
Претходникот на Бајден, Доналд Трамп пред извесно време изјави дека невладината на Бајден примила средства од Кина и дека кинеските власти ги имале увид во документите. Во моментов самиот Трамп е под истрага за документи пронајдени од времето кога тој беше претседател, а неговата компанија доби казна за затајување данок цели 15 години.
Сличен ваков скандал со документи денеска надвисна и над некогашниот бразилски претседател Жаир Болсонаро кој е во бегство во Флорида во САД, недалеку од домот на Трамп во Мар-а-Лаго. Доверливите документи направија да биде отворена истрага за Болсонаро, а Џо Бајден да размисли дали и како би го екстрадирал Болсонаро, кој сега престојува во неговата земја.