More

    Второстепениот европски ја одби жалбата на руската телевизија

    spot_img

    Второстепениот европски суд денеска ја потврди забраната за емитување на програмата што Европската унија и ја изрече на руската државна медиумска куќа „Раша тудеј“ (РТ) во март годинава со образложение дека „систематски шири дезинформации за руската инвазија врз Украина“.

    Големиот совет на Европскиот суд на правдата го отфрли барањето на РТ на Франција за поништување на актите на Советот, усвоени по избувнувањето на војната во Украина, кои привремено ѝ забрануваат на таа организација да емитува содржини, заклучи Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург.

    Одлуката на судот на ЕУ да ја потврди забраната за руската државна телевизија РТ е „крајно негативна“, а Москва ќе одговори со преземање слични мерки против западните медиуми, соопшти денеска Кремљ.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека РТ се уште не може да работи во Европа, но дека се надева дека ќе најде модел за да продолжи да ја емитува својата програма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img