Во тек е операција за спасување мигранти во Ла Манш, а властите стравуваат дека може да има жртви, пренесоа британските и француските медиуми. Крајбрежната стража објави дека ја „координира операцијата за пребарување и спасување“, како и дека е мобилизиран хеликоптер на француската морнарица.
Потрагата започна синоќа по пријавен инцидент на море, недалеку од Кент, на југот на Британија.
Крајбрежната стража соопшти дека му помогнала на „мал брод“, термин кој често се користи за гумени чамци што мигрантите ги користат за да го преминат Ла Манш од Франција.
Агенцијата Анадолија го пренесува пишувањето на локалните медиуми кои наведуваат дека во чамецот имало 30 мигранти.