Сами на своја рака, основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“ во Струга, во чии рамки е и подрачното училиште во селото Враништа, донеле одлука за изведување онлајн настава наместо настава со физичко присуство каква што се одвива на територијата на целата држава, објави Алсат-М.
Причина за ваквата одлука, како што изјавиле оттаму, е реконструкцијата на двете училишни згради.
„За онлајн наставата не било консултирано Министерството за образование, туку општинскиот совет. Директорката на училиштето ‘Јосип Броз Тито’, Лидија Гогоска за Алсат признава дека сами ја донеле ваквата одлука преку училишниот одбор. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека надлежноста за случајот е во раце на локалните власти. Но, советниците во Струга одлучија дека немаат надлежност да носат одлука за онлајн настава, туку тоа било надлежност на централната власт“, објави Алсат.
Фото: Pexels