More

    Во Сараево се снима серијата „Тома“

    spot_img

    По големиот успех на филмот „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ, во Сараево се снимаат последните сцени за серијата за љубовта, животот, кариерата и големиот успех на Тома Здравковиќ.

    Публиката следната година во серијата ќе види многу детали од животот на Тома, кои не можеа да се вклопат во филмот.

    Во Сараево вчера се снимаа сцени од 1984 година, пред Олимпијадата. Сцените се снимаа во Башчаршија, а планот е во следните два дена во Сараево да го завршат снимањето на серијата. Според Бјелогрлиќ, серијата треба да почне да се емитува во март.

    Во серијата, според режисерот, ќе ги видиме и останатите жени од животот на Тома, како и бројни други ликови кои поминале низ животот на овој великан на народна музика.

    Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, серијата ќе има 10 епизоди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img