More

    Во Претор наврнаа 8 литри дожд на квадратен метар

    spot_img

    УХМР соопшти дека изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Претор, 8 литри на  квадратен метар, а најмалку во Дојран, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, Тетово и Пожаране, еден литар на квадратен метар.

    До 8 часот утрово се измерени и 5 литри на метар квадратен во Крушево, 4 во Ѓуриште, 3 на Попова Шапка, во Дебар и Прилеп, како и два во Битола, Маврови Анови и Лазарополе.

    Најстудено до 8 часот утрово било на Попова Шапка, шест степени, а максимални 14 се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Дојран и Гевгелија. Температурата изнесувала осум степени во Лазарополе и Маврови Анови, 9 во Крушево, 10 во Берово и Крива Паланка, 11 во Претор, 12 во Куманово, Виница, Струмица, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола и Штип, како и 13 во Дебар, Скопје-Петровец и Демир Капија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img