Лице за кое јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција Скопје , води истраги за примање на поткуп,патување на сметка на фармацевски компании,исплати на лични сметки на милионски провизии од фармацевска компанија ,како и местење на јавни набавки, со овластување повторно е псотавено за финасиски раководител на ЈЗУ Општа Болница Охрид !
Против лицето Оливера Л. од Охрид ,вработена во ЈЗУ Општа Болница Охрид , во 2019 година ОЈО ГОКК отвара сеоптватна истрага во која истрага се вклучени и други помагатели на лицето Оливера Л , вработени во охридската болница ,како и против една фармацевска компанија која има милионски побарувања во евра од охридската болница, а која компанија долги години имала повластена позиција во охридската болница од тогаш раководител на финасискиот сектор Оливера Л.
Лицето Оливера Л вработена е во охридската болница во време кога со болницата раководеше Боро Шајн, татко на сега актуелниот ВД директор Асен Шајн.Оливера Л потоа го менува партискиот дрес и заминува во ВМРО ДПМНЕ и долги години е финаосв раководител во охридската болница.
По назначувањето на Асен Шајн за ВД директор од страна на министерот за здравство „Мали Бујар“, Асен Шајн повторно ја врајќа на позицијата финансов раководител ,но сега со овластување осумничената Оливера Л.
дали на повидок ќе биде нов финасиски скандал во охридската болница, или Асен Шајн постанува Тендер-Директор,останува да покажи времето од неговиот мандат уште 5 месеци, а до тогаш организирано ќе се прават криминали?!
С.Д.