More

    ВО ОХИС МЕД и МЖСПП го презентираа проектот

    spot_img

    Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска организираше вебинар на којшто ги презентираа преземените активности во рамки на проектот „Отстранување на технички и економски бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани алфа-HCH, бета-HCH и загадени места со линдан во ОХИС, 100122“.

    „Во период од јануари до февруари оваа година беа реализирани активности во рамки на малата депонија на ОХИС. Се очекува до средината на мај да биде завршено ископувањето и пакување на околу 650 тони контаминирана почва и линдан/HCH“, соопштија од МЕД.

    Малата депонија во ОХИС ја чисти грчката компанија „ПОЛИЕКО“.

    Завршна фаза на целиот процес е делот на транспортирање на отпадот до објекти за конечно отстранување поаѓајќи од Северна Македонија, преку соседна Грција до Франција, Холандија и Германија, каде ќе се спроведе согорување или ремедијација на отпадните материи и почва.

    Сузана Андонова, национален координатор на проекот од канцеларија за ПОПс во Министерството за животна средина и просторно планирање појасни дека целите на проектот се во насока на елиминирање на складираните количини на HCH од контаминираната локација во ОХИС, како и елиминација на другите опасни загадувачи со цел да биде безбедна за употреба во индустриската дејност.

    Главна цел, како што посочи таа, е заштита на здравјето на луѓето и животната средина од сите присутни загадувачи и нивните несакани дејства.

    – Многу важна придобивка на проектот ќе биде подобрување на политиките и зајакнување на институционални и технички капацитети за управување со контаминирани локации. Но, исто така и воспоставување на финансиски и технички одржлив механизам за обезбедување на средства за продолжување на активностите до конечна ремедијација на контаминираната локација на HCH и други загадувачи во кругот на ОХИС – рече Андонова.

    Како конкретни цели на проектот ги посочи воспоставување правна рамка и институционални капацитети за да се поддржи, оправда и евалуира процесот на деконтаминација на депониите во кои е складиран HCH во ОХИС, карактеризација на контаминираната локација со HCH, оцена на ризик и дефинирање опции за управување со ризикот. Потоа, воспоставување план и стратегија за чистење на контаминираната локација и инволвирање на сите чинители, вклучувајќи ја и локалната заедница.

    Инаку, како што посочи таа, избрале да започнат со чистење на малата депонија заради тоа што сметале дека е поедоставно да се обезбедат првичните средства.

    – Носител на проектот е Владата, преку МЖСПП, а извор на финансирање е Глобалниот еколошки фонд, но и Владата која обезбеди кофинансирање за овој проект. Извршно тело е МЖСПП. Грантот кој го добивме од Глобалниот еколошки фонд е во висина од 3,1 милиони долари, а кофинансирањето се 12.450.000 долари. Предвидено е проектот да заврши до крајот на оваа година, поточно очекуваме овој проект да заврши во јуни, со количините кои се предвидени и договорени во рамките на проектот со УНИДО, информира Андонова.

    Џорџ Цаимос, одговорно лице на фирмата изведувач на активностите ПОЛИЕКО, посочи дека во рамки на договорот, задолжени се да отстранат 450 тони HCH отпад заедно со плус уште 200 тони контаминирана почва. Вкупното количество кое треба да биде отстрането со проектот е 650 тони.

    – Главен загадувач на ОХИС се линданот и трихлоробензенот. Исто така тука е делта депонијата и еден од факторите кои ги забележавме за време на нашето работење е дека отпадот исто може да се најде и надвор од периметарот, значи излезен надвор од таа мала депонија – рече Цаимос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img