Температурите во најстудениот град во светот се спуштија до минус 50 степени Целзиусови, пишува CNN. Градот Јакутск во источен Сибир, кој е познат како едно од најстудените места во светот, доживеа невообичаено долг студен период. Јануари е најстудениот месец и, иако се навикнати на ниски температури, жителите на оддалечениот регион преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се загреат.
-„Не можете да се борите со тоа“, изјави за Ројтерс еден жител облечен во две марами и повеќе слоеви на ракавици, капи и качулки.
Или ќе се прилагодите и ќе се облечете соодветно или ќе страдате“. „Треба само топло да се облечете. Слоевито, како зелка“, вели друг жител.
Нешто помалку од милион луѓе живеат во Јакутск, а зимите може да бидат екстремно студени таму.
Во 2018 година таму беше толку студено што некои жители рекоа дека им се смрзнале трепките, пишува Си-Ен-Ен.