More

    Во Либан е убиен Ирец, припадник на мировните сили на ОН

    spot_img

    Еден Ирец, припадник на мировните сили на ОН во Либан е убиен, а тројца други се ранети во „инцидент“ на југот на таа земја под околности кои се уште не се разјаснети, УНИФИЛ (Привремените сили на Обединетите нации во Либан) и Даблин објави.

    Во соопштението на УНИФИЛ се наведува дека тоа се случило синоќа во близина на селото Ал-Акбија, недалеку од областа на операцијата на мировните сили.

    УНИФИЛ, распореден на југот на земјата меѓу Израел и Либан, соопшти дека „покренала истрага за да се утврди што точно се случило“.

    Ирските „сини шлемови“ се убиени и ранети, се вели во соопштението за печатот на ирскиот министер за надворешни работи и одбрана Сајмон Ковени, кој исто така алудираше на „сериозен инцидент“, но не даде детали.

    Ирските вооружени сили објавија на Твитер дека конвој од две мировни возила и осум војници ја напуштиле зоната на операции на УНИФИЛ и се упатиле кон Бејрут доцна во средата навечер кога наишле на „пукање од мало оружје“.

    Фотограф од Франс прес видел во селото Ал-Акбија возило УНИФИЛ кое удрило во продавница на патот кон градот Саида, посеверно, на околу 40 километри од Бејрут.

    Очевидци изјавија за АФП дека жителите го пресретнале возилото кога тргнало по крајбрежен пат што вообичаено не го користат мировниците.

    Изгледа дека возачот изгубил контрола над возилото додека се обидувал да ја напушти областа. Очевидци рекоа и дека слушнале истрели.

    Утрово беа распоредени силите на УНИФИЛ, како и војниците на либанската армија кои ги презедоа надзорните камери.

    Мировните сили УНИФИЛ се присутни во Либан од 1978 година и се состојат од речиси 10.000 војници од различни земји.

    Имаше и претходни инциденти меѓу мировните патроли и поддржувачите на проиранскиот Хезболах во пограничната област контролирана од моќната шиитска организација.

    Во август годинава, Советот за безбедност на ОН го обнови мандатот на УНИФИЛ за една година, но под малку поинакви услови.

    Сега УНИФИЛ, кој ги координира патролирањето и движењето во областа на операциите со либанската армија, е овластен да дејствува независно.

    Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах ја осуди промената на мандатот на „сините шлемови“ бидејќи смета дека тоа е кршење на суверенитетот на Либан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img