More

    Во Краљево ќе се одбележува 23-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на СРЈ

    spot_img

    На денешен ден пред 23 години започна НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ), односно Србија, а во Краљево ќе се оддржи и одбележувањето на „Денот на сеќавање на жртвите од агресијата на НАТО“.

    На прославата во Краљево ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти неговата прес-служба.

    Тој претходно во Крушевац ќе присуствува на свеченото откривање на споменикот на потполковник Вељко Раденовиќ и ќе положи венец на споменикот на загинатите борци од 125-та моторизирана бригада.

    На ридот Стражевица цвеќе на спомен-обележјето „Гласник за Стражевица“ ќе положи претседателот на Собранието на град Белград, Никола Никодијевиќ.

    Годишнината од почетокот на нападот ќе биде одбележана со низа манифестации посветени на загинатите и положување венци и цвеќе на спомениците.

    На денешен ден пред 23 години започна НАТО бомбардирањето на СРЈ, во кое за 11 недели, според неофицијални извори, загинаа околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци. Во бомбардирањето, кое траеше 78 дена, сериозно беше оштетена инфраструктурата, деловните субјекти, здравствените установи, медиумските куќи и воените објекти.

    Операцијата на НАТО, која владата на СРЈ и правните експерти ја нарекоа нелегална агресија, следеше по неуспешните преговори за решавање на косовската криза во Рамбује и Париз во февруари и март 1999 година.

    Бомбардирањето на СРЈ заврши на 10 јуни, со усвојување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, по што следеше повлекување на војниците и полицијата од покраината и влегување на меѓународните трупи.

    Според УНХЦР, 230.000 Срби и Роми го напуштиле Косово од доаѓањето на мировниците, а 800.000 албански бегалци се вратиле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img