2022 година, која се ближи кон крајот, беше најтоплата во Италија од 1800 година, кога почнаа мерењето на температурата, објави во вторникот Националниот истражувачки центар на Италија.
Високите температури забележани во декември 2022 година се во согласност со преостанатите 11 месеци, според климатологот на Центарот Бернардо Гочини.
Годишниот рекорд се однесува на високи и просечни температури, рече Гочини, додека ниски температурен рекорд е забележан во 2018 година.
За новогодишната ноќ температурите низ земјава се очекува да бидат и до шест Целзиусови степени над просекот.
Оваа година Италија ја доживеа најтешката суша во последните 70 години поради екстремните горештини и недостатокот на врнежи во текот на годината.
Сушата предизвика загуба од шест милијарди евра, особено во земјоделскиот сектор, според Колдирети, најголемата организација на земјоделци на национално и европско ниво со еден и пол милион членови.