More

    Во Грција вакцинирано 70,8% од населението

    spot_img

    Над 7.440.000 граѓани ја завршија вакцинацијата што е 70,8 отсто од општото, односно 80 отсто од полнолетното население, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 дози од вакцината, а за бустер дозата објасни дека од 5.825.000 граѓани кои можат да ја примат, 88,5 отсто веќе ја примиле третата доза.

    Претседателката на Комисијата за имунизација Мариа Теодориду, порача дека и понатаму е силна препораката за вакцинација и со трета доза, а во однос на омикрон-сојот, повикувајќи се на неодамнешни студии, истакна дека по заразувањето, природниот имунитет е значително помал и заштитата од реинфекција е околу 60 отсто.

    Од друга страна, таа објасни дека лицата кои се заразиле со алфа, вита или делта-сојот имаат силна заштита до 90 отсто од заразување со омикрон.

    Во изминатите 24 часа во Грција беше регистиран 20.361 нов случај на ковид-19, од направени 125.484 тестови, а починаа 78 лица.

    Од почетокот на пандемијата во земјата има вкупно 2.194.453 случаи на ковид-19 и 24.836 починати лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img