Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што нема загинати, соопшти бугарската поиција
Според првичните информации, во несреќата со српскиот автобус на автопат во Бугарија, повредени се четворица возрасни и осум деца. Тоа го изјави заменик-главен секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев.
Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Универзитетската болница во Стара Загора вечерва прими 17 деца повредени во несреќата на автопатот Тракија. Тоа за БТА го изјави директорот на болницата Јовчо Јовчев.
– Најмладиот има 6 години, најстариот 17 години. Тројца се со потешки набиеници и гребнатини – изјави д-р Јовчев.
Според него, има еден маж на кој му е со тешка повреда на нога
Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.
По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Ова го соопштија од обвинителството.