More

    ВМРО-ДПМНЕ ја повика градоначалничката Арсовска да поднесе оставка од својата функција во Градот и како претседателка на ЗЕЛС

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ја повика градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка од својата функција во Градот и како претседателка на ЗЕЛС.

    Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ го повика Државниот инспекторат за локална самоуправа да постапи согласно своите надлежности за, како што вели, очигледното прекршување на одредбите од Законот за локална самоуправа од страна на градоначалничката Арсовска.

    Минатата недела Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за неколкугодишната стагнација во процесот на децентрализацијата, која во голема мерка е и поради недоволната инволвораност на ЗЕЛС, предводено од Арсовска која е претседател на ова тело.

    – Поради сето ова, ја повикуваме Арсовска, која повеќе од очигледно нема капацитет да раководи со Градот, да си поднесе оставка од позицијата градоначалник на Град Скопје, како и од претседател на ЗЕЛС.

    „Македонската јавност беше сведок на срамното и недолично однесување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во недостиг на идеи како да ги реализира ветените проекти за подобрување на животот на скопјани, го продолжува нејзиното неколкумесечно деструктивно однесување. За време на седницата на Советот на Град Скопје, Арсовска пред очите на целокупната јавност, јасно ја попречи работата на Советот, го попречи нормалното одвивање на седницата за поставување советнички прашања, а нејзиното непочитување на Советот отиде дотаму што дури и се уфрлаше во дискусиите преку паралелен и недозволен звучен систем. Со ова, пред очите на целокупната јавност, Арсовска отворено прекрши одредби од Законот за локална самоуправа, поточно 48, став 1 и 2, каде на претседателот на Советот на Град Скопје не му беше дозволено да ги реализира своите права и обврски за организирање и раководење со седницата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img