More

    ВМРО-ДПМНЕ: Али Ахмети во Македонија има две маши

    spot_img

    „Али Ахмети во Македонија има две маши. Едната е Ковачевски, кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е фолирантот Димче Апасиев, кој мора да глуми патриот и во наредниот период ќе видиме како тој со празни зборови и фејсбук статуси ќе треба да биде жесток бранител на Македонија, додека делата му се еднакви на нула“.
    Ова се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Партиојата тврди дека „тоа што е константно е коалицијата во Град Скопје, каде директорите на фолирантот Димче седат во иста клупа со директорите на Али и заедно со Ковачевски прават опструкции во општините каде ВМРО има градоначалници. Затоа секогаш кога на Али ќе му притреба, му фрла гума за спасување на неговиот слуга Ковачевски, а за Апасиев теми за да биде актуелен“. Интересно е како само СДСМ нема ништо против средбата каде за македонските прашања се координираат во Тирана, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

    „Очигледно, Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда, или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа, која после Али ќе му ја даде на Ковачевски? Единствениот договор кој треба да го има е обединување против криминалот и договор за избори за народот да одлучи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img