Еден од најдобрите српски фудбалери на денешницата, Душан Влаховиќ, наскоро ќе го соблече дресот на Јувентус и ќе го облече „кралскиот“ на Реал Мадрид, пишува новинарот Томас Гонзалез и шпански „Ел Дебате“.
Како што објавија медиумите, фудбалерот наводно сам се понудил во Мадрид и работи на тоа да го осигура својот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ во последниот ден од трансфер-рокот.
Минатата зима Србинот пристигна во Јувентус како големо појачување од Фиорентина, а „старата дама“ тогаш плати 82 милиони евра.
Влаховиќ неодамна изјави дека ќе се бори за својот клуб, бидејќи на Јувентус му се одземени 15 бодови поради малверзација со трансферите, но сега од Шпанија доаѓаат други вести.
Српскиот напаѓач има 23 години и би бил долгорочно решение на позицијата шпиц во Реал Мадрид.