-„Регионалната иницијатива ,,Отворен Балкан” ги отелотворува европските вредности, непречениот проток на луѓе, стоки и добра. Српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како и неговиот претходник Зоран Заев, ќе влезат во историјата. Тие ги надминаа сите несогласувања за доброто на своите граѓани.
Привилегија е денеска да се биде дел од Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид“,ќе изнесе бизнисменот и сопственик на Галф Владимир Стајич.