More

    Вклучен алармот, супстанцата се користи за „валкани бомби”

    spot_img

    Полицијата за борба против тероризмот врши истрага откако на аеродромот „Хитроу” беше пронајдено извесно количество ураниум, јавија британските медиуми.

    Граничните служби реагирале на безбедносно предупредување на 29 декември. Контактирана е службата за борба против тероризмот откако е пронајдено мало количество од опасниот материјал. Супстанцата може да се користи за таканаречените „валкани бомби”.

    Командантот за борба против тероризмот Ричард Смит изјави дека количината на контаминиран материјал е исклучително мала и дека експертите оцениле дека не претставува закана.

    Секретарот за здравство Стив Баркли изјави за Скај Њус дека се надева дека ќе добие понавремени информации за материјалот запленет во „Хитроу”, додавајќи дека официјалните лица работат со партнерските агенции за да истражат и да се осигураат дека нема ризик за луѓето.

    Идентитетот на сите патници или компании поврзани со пакетот не е потврден, а наменетата дестинација на пакетот останува непозната. Нема апсења. Министерството за внатрешни работи не ја коментира истрагата додека таа е во тек.

    Според новинарската истрага на весникот „Сан”, пакетот бил наменет за ирански државјани во Велика Британија и пристигнал со лет од Оман откако бил испратен од Пакистан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img