More

    Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи – Северна Македонија нуди широка лепеза на можности за инвестиции во производството, енергетиката, градежништвото, туризмот и земјоделството

    spot_img

    Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кои ја предводат Владината делегација, која е во дводневна официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, утринава во седиштето на Стопанската комора на Дубаи остварија средба со претседателот и извршниот директор Хамад Буамим и потесниот менаџмент на комората.

     Во придружба на вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини, во насока на продлабочување на трговските и економските односи помеѓу Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, на оваа средба присуствуваа и амбасадорот на нашата земја во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, како и претставници на четирите најголеми стопански комори: Антони Пешев (извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија), Трајан Ангелоски (претседател на Сојузот на стопански комори), Неби Хоџа (претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (Претседателка на МАСИТ), кои допатуваа во Дубаи, за промоција на нашата земја во рамките на свеченоста за Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, кој ќе се одржи денес и за Бизнис конференцијата која ќе се одржува утре.

     Стопанските комори се креатори на идеи кои нудат решенија за реалните проблеми на бизнисот, посочи вицепремиерот на почетокот на состанокот, а за време на состанокот ги презентираше и можностите за инвестирање во нашата земја при што истакна дека Северна Македонија нуди навистина широка лепеза на мерки за поддршка за инвестиции во производството, енергетскиот сектор, земјоделството, градежништвото, туризмот, но и за заштита на животна средина во делот за фабрики за обработка на отпад, како дел од циркуларната економија.

    „Северна Македонија е веројатно земја со најдобри услови за водење на бизнис во Западен Балкан, но и пошироко. Имаме инструменти со кои ги поддржуваме компаниите да инвестираат во производствени погони и во земјата се застапени голем дел на компании кои се во синџирите за снабдување на големите меѓународни автомобилски компании. Со новиот Закон за енергетика и Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година, отворивме широк фронт на инвестиции во обновливи извори на енергија, особено фотоволтаици и ветерни електрани, што на среден рок ќе обезбеди стабилно, еколошко и одржливо снабдување со електрична енергија. Гледаме можности за зголемување на соработката и во земјоделското производство, со оглед на тоа што Дубаи и Обединетите Арапски Емирати увезуваат околу 95% од потребите за храна. За унапредување на соработката во било кој сектор, би било од обостран интерес да се возобнови директната авионска линија Скопје-Дубаи“, потенцираше вицепремиерот Битиќи и упати покана официјална делегација од Стопанската комора да ја посети Северна Македонија за да дознае повеќе за можностите за инвестирање.

     Министерот Нуредини истакна дека Северна Македонија презема сериозни чекори за зачувување на животната средина и заштита на природните ресурси кои се важни за сите граѓани, како што се водата и воздухот. Тој додаде дека се реализираат голем број на комунални инсфраструктурни објекти и пречистителни станици, а во план е да се реализираат и неколку инвестиции во фабрики за преработка на отпад, за унапредување на циркуларната економија и паметно искористување на достапните ресурси.

     Соработката помеѓу Северна Македонија и Емиратот Дубаи има потенцијал да се развива со побрза динамика од досегашната, заклучија на состанокот вицепремиерот Битиќи, министерот Нуредини и претседателот на Стопанската комора на Дубаи, Буамим и притоа се согласија да се продолжи меѓусебната комуиникација и да се разменат дополнителни информации на сите нивоа, за да се зголемат можностите за економска соработка.

    Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img