Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија по 25 години брак.
„Одлуката за развод беше взаемна“, изјави градоначалникот на Киев за украинските медиуми. Тој додаде дека тој и неговата сопруга со години живеат во различни земји, но и понатаму се во добри односи.
„Ние многу години имаме различни интереси и различни животи. Решивме официјално да го потврдиме. Тоа беше заедничка желба. Сè уште имаме добри односи, се почитуваме, децата се веќе пораснати, а животот продолжува“, изјави Кличко.
Виталиј и Наталија Кличко се венчаа во април 1997 година и добија три деца: синовите Јегор-Данијела и Максим и ќерката Елизавбета-Викторија. Додека се занимаваше со бокс, Наталија беше со Витали на секој меч. Таа го поддржа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев, пренесува Вечерњи.хр.
Наталија се испроба како пејачка и текстописец. Таа се занимава и со хуманитарна работа, а имајќи предвид дека парот долго време живеел во Германија, од 2010 година е вклучена во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација Phytokids.