Родителите на Новак Ѓоковиќ се неговата најголема поддршка, од самиот почеток на кариерата, па сѐ до денес, кога е најдобриот тенисер во светот.
Срѓан, таткото на Новак главно се огласуваше и беше присутен во медиумите, додека Дијана некако секогаш се држеше настрана или покрај сопругот.
Меѓутоа, во последно време Дијана заедно со сопругот Срѓан почна почесто да се појавува во јавноста и да дава изјави кои најмногу се поврзани со нивниот син Новак.
Во текот на гостувањето во емисијата „Балканска улица“, Дијана и Срѓан првпат зборувале повеќе за себе, па тогаш тајната на Дијана Ѓоковиќ излегла на виделина.
Имено, Дијана открила дека пред три децении се крстила во црквата и дека тогаш го добила и крстеното име што ѝ го дал нејзиниот сопруг Срѓан. По тој повод, тој за својата поубава половина го избрал старото српско име, Милица.
Сепак, Дијана вели дека тоа име е прекрасно, но дека не сака никој така да ја нарекува и дека во јавноста, но и во приватноста на својот дом, сака да остане она што била со години – Дијана Ѓоковиќ.
ФОТО: Инстаграм