Градоначаникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО.
Градоначалникот Пецаков истакна дека секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО.