денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 1 септември привремено прекинаа со процесот на производство.
Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.
Во наредниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.