Движењето Обединети фантоми (ПУФ) соопшти дека нивниот кандидат за претседател на Србија на изборите што ќе се одржат на 3 април е магарето на Миле.
„Можеме да видиме дека Србија е земја во која се е можно секој ден, од одење на избирачко место и гледање на вашиот најмил починат во избирачкиот список, до завршување на факултет на пасиште и станување доктор на науки. Во оваа изборна трка учествуваа многу „тројански коњи“ на власта, за вистинската опозиција да го нема своето симпатично „тројанско магаре Миле“. Сите овие факти и апсурдноста на земјата во која ја свртеа Србија, произведоа кандидатура на едно магаре, Миле, за претседател на Србија“, се вели во соопштението.
ПУФ наведува дека „во историјата е познато дека Калигула донел коњи во Сенатот“, а дали „ПУФ ќе ја наследи Милета“ ќе се види, велат, во наредните денови.
„На Србија и треба некој со долго уво кој има уво за народот“, велат тие.