More

    Бугарското национално радио казни свој новинар

    spot_img

    Програмскиот совет на Бугарското национално радио (БНР) утврди дека нивниот познат новинар Петар Волгин во емисијата „Политички некоректно“ лиферувал лажна вест за заробувањето на бугарскиот брод и неговиот екипаж во пристаништето Мариупол, во Украина, од познатата украинска воена единица, полкот Азов.

    Во разговор со лидерот на проруската партија во бугарското Собрание „Препород“, Костадин Костадинов, пренесуван во живо на БНР, двајцата ја коментираа оваа непотврдена информација, која предизвикува тензии во јавноста поради ефектот што го предизвика, што го натерала бугарското Министерството за надворешни работи да ја демантира оваа неточна информација.

    По бранот јавно незадоволство поради лажните информации и оставката на Александрина Пендачанска од Општествениот совет на БНР во знак на протест против про-кремљската пропаганда, Програмскиот совет изрече дисциплинска санкција за Петар Волгин, јави дописникот на МИА од Софија.

    Волгин, кој е познат по своите про-кремљски ставови, повеќе пати бил причина за јавно незадоволство од неговите про-Кремљски ставови на бугарското Јавно радио (БНР). Во есента 2019 година, кога лидерот на русофилската партија Николај Малинов беше приведен поради шпионирање за Русија, Волгин го бранеше на Бугарската национална телевизија без дозвола од раководството на медиумите да коментира за чувствителното прашање.

    Програмскиот совет на БНР едногласно одлучи дека Волгин со своите постапки ги прекршил правилата за уредувачка политика на БНР и етичкиот кодекс на вработените во јавното радио. Како резултат на тоа, тој е дисциплински казнет според Законот за работни односи.

    Раководството на БНР соопшти дека категорички се дистанцира од секој обид за предизвикување насилство и негово оправдување или одобрување, како и од секој обид за дезинформирање и ширење лажни вести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img