More

    Бугарското МНР вели забраната за фашистички имиња на здруженија ги ограничува правата на Бугарите

    spot_img

    Бугарското Министерство за надворешни работи е загрижено дека ќе се ограничат правата на Бугарите во Македонија, поради законските измени за формирање на здруженија.

    „Постојат сериозни загрижености дека законските измени се насочени кон дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за кое повод е едностраната интерпретација на историските факти. Легитимниот стремеж за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да биде инструментализиран за намерно ограничување на правата на конкретни заедници.

    Проблем е и зошто во измените не е вклучена забрана на комунизмот, но и механизмот со кој Консултативно тело во Македонија ќе одобрува имиња, затоа што на тој начин ќе се наметнува македонска интерпретација на историјата. Тој пристап следи сосема логично и ја објаснува неподготвеноста да се деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Посебен проблем претставува одлуката на Собранието на Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот, како тоталитарна и репресивна идеологија, во спроведувањето на усвоените измени“, велат од МНР на Бугарија.

    Собранието на РСМ изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности кои се поврзуваат со фашизам.

    Бугарските здруженија во земјава „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид кои имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img