More

    Бројот на новозарзени руши рекорди во Австрија и Германија

    spot_img

    Австрија денеска регистрира нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, и тоа втор ден по ред, соопштија локалните власти.

    Како што пренесе ДПА, откако вчера беа регистрирани речиси 48.000 нови случаи, денеска таа бројка достигна скоро 50.000.

    Експертите ја критикуваат одлуката на австриската Влада да ги укине скоро сите преостанати ограничувања за ковид-19 од 5 март, тврдејќи дека потегот доаѓа прерано.

    Бројот на пациенти со ковид-19 во болница во Австрија, сепак, малку падна во споредба со претходниот ден, а и бројот на пациенти со Ковид-19 на интензивна нега остана стабилен.

    Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе во Австрија моментално изнесува околу 2.800 случаи.

    Освен Австрија, загрижена поради бројот на новозаразени е и Германија.

    Од средината на февруари Германија ги олесни рестриктивните мерки против ковид-19 откако почна да се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот, но тој тренд се промени од минатата недела, јави ДПА.

    Со денови бројките се зголемуваат, што се толкува како предупредување за шести бран на пандемијата и повторни повици луѓето да се вакцинираат.

    Националниот институт за контрола на болести денеска регистрира рекорден број од 262.752 случаи на коронавирус за последните 24 часа.

    Седумдневната инциденца на инфекција денеска значително се искачи на 1,388.5, додека бројот на смртни случаи е сè уште висок и изнесува 267 за еден ден.

    Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах уште еднаш повика повеќе луѓе да се вакцинираат со оглед на зголемениот број на инфекции со ковид-19.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img