Британски хуманитарец заробен во источна Украина почина во заробеништво
Британскиот хуманитарен работник Пол Уреј, кој беше заробен од руските сепаратисти во источна Украина и обвинет дека е платеник, почина во заробеништво, јави руската новинска агенција ТАСС.
Пол Уреј беше фатен во источна Украина и обвинет дека е странски платеник од сепаратистите на самопрогласената Народна Република Доњецк, пишува Ројтерс.
Тој наводно починал како последица на хронично заболување, пренесе руската агенција.