Лидерот на партијата ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, Бојко Борисов, официјално објави дека нема да биде пратеник во бугарското Собрание.
Централната изборна комисија (ЦИК) го одобри барањето доставено од него, со кое тој одбива да биде именуван за избран претставник од два региони – Софија и Пловдив, а на негово место ќе дојдат двајца заменици.
Борисов се откажа од пратеничкото место и по изборите во ноември 2021 година, како и во претходните два парламента.