Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на ковид-19, јави Блумберг.
– Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома – изјави денеска Џонсон.
Британскиот премиер додаде дека бесплатната услуга за тестирање на коронавирус ќе престане да биде достапна од 1 април.