More

    Борис Бекер следната недела ќе биде депортиран во Германија

    spot_img

    Сè повеќе има индиции за предвремено ослободување на поранешната германска тениска ѕвезда Борис Бекер од британскиот притвор. Британски Мирор и Телеграф денеска објавија дека се очекува трикратниот шампион на Вимблдон следната недела да биде депортиран во Германија.

    Во средината на ноември таблоидот Сан, повикувајќи се на правен извор, напиша дека 55-годишниот најверојатно ќе биде ослободен пред Божиќ и дека потоа ќе мора веднаш да се врати во татковината. Германскиот адвокат на Бекер првично беше недостапен за коментар, објави германската новинска агенција ДПА.

    По потекло од Лајмен во Баден-Виртемберг, Бекер со години живее во Лондон, но нема британско државјанство.

    Поранешниот истакнат спортист на крајот на април беше осуден на две и пол години затвор, бидејќи криел милионски имот од стечајните управници. Тој веќе неколку месеци се наоѓа во затворот Хантеркомб, западно од Лондон, пренесува СТА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img