Високиот претставник на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнето”, како и оти ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.
– Уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно таргетира и убива цивили – напиша Борел на Твитер.
Градовите низ Украина, вклучително и Киев денеска се цел на руски ракетни напади. Според украинските власти, руските сили истрелале повеќе од 120 ракети.