More

    Борбите продолжија на источниот и јужниот фронт, Русите напредуваа во близина на Бохмут

    spot_img

    Војната во Украина влезе во 248-от ден. Борбите продолжуваат на источниот и јужниот фронт. Руските сили напредуваат во близина на Бахмут. Украинските власти ги предупредија граѓаните во Киев да очекуваат подолги прекини на струја, кои ќе траат повеќе од четири часа, поради руските напади врз енергетската инфраструктура.

    Прекините на струја не го погодуваат само Киев, туку и централните региони на Украина, вклучувајќи го и градот Днипро, јавува Би-Би-Си. Регионот Киев загуби 30% од својот енергетски капацитет, проценува приватната енергетска компанија ДТЕК, што значи дека ќе бидат потребни подолги исклучувања.

    Претседателот Володимир Зеленски рече дека се погодени околу четири милиони луѓе, но дека „гранатирањето нема да ги скрши“.

    Бродовите на руската Црноморска флота го одбиле нападот со дрон, изјави денеска гувернерот на Севастопол на Крим, Михаил Развозаев.

    „Бродовите на Црноморската флота одбија напад со дрон во Севастополскиот залив. Во градот не е забележана штета, ситуацијата е под контрола. Сите служби за одговор при итни случаи се подготвени“, рече Развозајев на Телеграм.

    Дописникот на новинската агенција ТАСС јави дека во близина на тој град утрово околу 4:20 часот по локално време имало силна експлозија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img