More

    Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

    spot_img

    Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во своето поздравно обраќање при отворањето на конференцијата МЕФ – Македонски енергетски форум 2022, истакна дека еден од главните приоритети на Владата во периодот што претстои ќе биде да се завршат сите започнати процеси што ќе значат социјално праведна енергетска транзиција која ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација на енергетскиот систем.

    Тој истакна дека Северна Македонија има значајни постигнувања во однос на енергетската транзиција во изминатиот период, спроведувајќи неколку реформи и следејќи ја својата визија за градење доверлив, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем кој ќе помогне за одржлив економски раст.

    Вицепремиерот Битиќи се осврна и на фактот што Северна Македонија беше првата договорна страна што го усвои својот Национален план за енергија и клима и го поднесе до Секретаријатот на Енергетската заедница, одразувајќи ја посветеноста на земјата кон декарбонизација и трансформација на својата економија и енергетскиот систем за навремено соочување со новите предизвици во периодот што претстои.

    Вицепремиерот потенцираше дека нашето законодавството е во согласност со третиот пакет на директиви на ЕУ во однос на внатрешниот пазар, како и со директивите на ЕУ за енергетска ефикасност, а Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, која веќе е изработена, се заснова на петте димензии на Енергетската унија и е прва од ваков вид меѓу договорните страни на Енергетската заедница.

    Дополнително, Битиќи истакна дека нашата држава е во процес на развој и имплементација на неколку големи и стратешки важни проекти за обновлива енергија кои ќе ја обезбедат нашата енергетска безбедност и диверзификација, оддалечувајќи се од фосилните горива.

    Македонскиот енергетски форум МЕФ 2022 се одржува денеска и утре во Охрид и на него е предвидено да учествуваат повеќе од 50 домашни и интернационални панелисти, експерти, високи институционални претставници и останати клучни чинители во енергетскиот сектор во вкупно седум панели, а главниот фокус на овогодинешното издание е ублажување на тековната енергетска криза преку праведна и демократска енергетска транзиција.

    Петтото издание на МЕФ е во организација на ЗИП Институтот, Владата на Република Северна Македонија под покровителство на кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, Амбасадата на САД во Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img