Британците се редат за да ѝ оддадат почит на покојната кралица Елизабета Втора, а Би-Би-Си ја пренесува церемонијата во живо, бидејќи нејзиниот ковчег го чуваат кралските гардисти. Но, синоќа се случи помал инцидент, кога еден од кралските гардисти кои го чуваа ковчегот на кралицата едноставно се струполи на подот паѓајќи нанапред. Засега, не се познати причините за инцидентот.