Сите се сеќаваат на симпатичното босо појавување на Џулија Робертс на премиерата на „Money Monster“ на Канскиот филмски фестивал во 2016 година. Годинава ги остави чевлите на нозе, но поради уште еден детаљ сите ќе ја паметат.
Актерката Џулија Робертс (54) се појави на проекцијата на филмот „Armageddon Time“ во рамките на третата вечер на Канскиот филмски фестивал и воспостави тотална доминација на црвениот тепих.
Во совршено скроен црн костум, Џулија покажа завидна фигура на 54 години, а сите останати беа маѓепсани од нејзината насмевка од „милион долари“. Толку многу што сите разголени убавици во атрактивни тоалети паднаа во втор план.
Славната оскаровка пред шест години беше главна тема на Филмскиот фестивал во Кан, кога среде црвениот тепих се соблече и прошета боса. Иако тогаш Џулија во изјава за медиумите во која објасни зошто ги соблекла чевлите не ја откри директно причината, многумина тоа го протолкуваа како бунтовнички потег против организаторите на фестивалот.
– Многу нешта се случуваа од моите зглобови нагоре. Да не го заборавиме сето тоа. Многу време и труд е вложено на она над зглобовите. Сакам да остане забележано – изгледав убаво синоќа – изјавила Џулија за каналот „Австралиско изгрејсонце“, мислејќи притоа на нејзиниот прекрасен црн фустан со потпис на „Армани Приве“, кој исто така заслужил внимание.
Симпатичниот момент се случи и кога актерката замолила од еден од вработените на фестивалот да ѝ ги придржи чевлите, што тој со задоволство го направил.
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб